Достапност

Капацитети на соба

  • Апартман со два споени кревети и еден одвоен
    Вклучено: Минибар, Туш, Бања, Клима уред, Крпи, ТВ, WiFi
  • Апартман - 2+2
    Вклучено: Минибар, Туш, Бања, Клима уред, Крпи, ТВ, WiFi
  • Приватна соба - со два споени кревети
    Вклучено: Минибар, Туш, Бања, Клима уред, Крпи, ТВ, WiFi
  • Соба со три кревети
    Вклучено: Минибар, Туш, Бања, Клима уред, Крпи, ТВ, WiFi
  • Соба со два споени кревети
    Вклучено: Минибар, Туш, Бања, Клима уред, Крпи, ТВ, WiFi
  • Соба со брачен кревет
    Вклучено: Минибар, Туш, Бања, Клима уред, Крпи, ТВ, WiFi

Генерално

Овој мал тивок семеен хотел се наоѓа на 900 метри надморска височина во шума, во подножјето на Националниот парк Пелистер – еден од најстарите паркови на Балканот, со површина од 17.150 хектари. Хотелот се наоѓа на 4 километри од градот Битола и 25 километри од грчката граница. Заштитниот знак на Пелистер се бистритрите изворска вода и реки, каде што може да се види пелистерската и пелагониската пастрмка, водопади и глацијални езера – Големото и Малото, исто така познати како Пелистерски очи. Фантастичните планински предели и и чистиот воздух тука обезбедуваат живописно опкружување за релаксирачки одмор. Цените наа собите се со ВКЛУЧЕН ДОРУЧЕК.

Откажување на плаќање

2 дена пред пристигнувањето

Прифатени кредитни картички

Маестро
Мастер
Виса

Капацитети

  • 24 часовно обезбедување
  • WIFI
  • Кафе бар
  • Ресторант

Интернет

Бесплатен интернет

Паркинг

Бесплатен паркинг

Жал ни е, сеуште нема рејтинг за ова accommodation.

Битола

Битола

Битола

Градот на конзулите, втор по големина, град со големо културно наследство и богатство, стара архитектура, преку 2020 артефакти сместени во музејска поставка од сите периоди од праисторија до современа уметност, античкиот град Хераклеа, Саат кула. Модерен град полн со културни и уметнички настани и фестивали, меѓународен фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, Широк Сокак со раздвижени битолчани кои го носат духот на градот, добра забава во Порта Џез и Камарите.

Култура и историја опис

                                           Што да посетите? Нормално денот мора да Ви започне со прошетка низ Широк Сокак („битолското корзо“), и утринско кафе како вистински битолчанец. Потоа да направите една голема прошетка со цел запознавање на културата и историјата на Битола. Да ги разгледате артефактите во битолскиот Музеј, да поминете покрај Саат кулата, да ги разгледате Џамиите, да го ѕирнете Безистенот (всушност е една од највпечатливите и најстари градби во Битола). Наша препорака е да не ја изоставите Старата чаршија и нејзините калдрмени тесни сокаци. Таму ќе се запознаете со посебните еснафски организации Ат Пазар,  Житни Пазар, Пекмез Пазар, Дрвен Пазар и многу други. Ќе ги здогледате анџиите и меанџиие, бозаџиите и салепчиите кои ќе Ве пречекаат, угостат и заблажат. Оставете слободно време да ја посетие и Хераклеа. Таа се наоѓа во јужната периферија на градот. Нејзината градба сеуште буди восхит. Ако ја посетите лето можеби ќе имате шанса да присуствувате на некоја претстава, која верувајте ќе има посебна убавина бидејќи е одиграна токму таму.  Настани на кои може да присуствувате? 1. На 10ти јуни се организира манифестацијата „Ден на култура“ при што цел ден се одвиваат културни активности на различни локации низ градот 2. Битолско културно лето „Бит фест“, музичко-сценска манифестација (театар, балет, опера, концерти на класична музика, ликовни изложби, разни перформанси, рок, поп, џез концерти). 3. АКТО - Фестивал на соврмени уметности, се одржува во август. 4. Интернационален Фестивал на Филмска Камера  ,,Браќа Манаки“. 5.Интернационален  Фестивал на класична музика „Интерфест“. 6. АТТUТИDЕ – Фестивал на современа уметност. и многу други.

Прочитај повеќе