Достапност

Капацитети на соба

  • Приватна соба - два споени кревети
    Вклучено: Туш, Бања, Клима уред, Тераса, ТВ, Крпи, WiFi
  • Соба со два споени кревети
    Вклучено: Минибар, Фрижидер, Туш, Бања, Клима уред, Тераса, ТВ, Крпи, WiFi
  • Соба со брачен кревет
    Вклучено: Минибар, Фрижидер, Туш, Бања, Клима уред, Тераса, ТВ, Крпи, WiFi

Генерално

Хотел ШАГАЛ се наоѓа на 4.5 км од Градовите Виница и Кочани. Неговата местоположба и пријатен амбиент овозможува вистински одмор и релаксација во третманите на телото и духот во модерно опремениот Спа Центар. Овој идиличен хотел нуди извонредно пријатни услови за одмор, престој и рекреација. Располага со: 15 двокреветни соби, 3 кинг спални 1 луксузен апартман, со прекрасен видик на Виничко-Кочанската котлина. Во цените на собите е ВКЛУЧЕН ДОРУЧЕК.

Откажување на плаќање

2 дена пред пристигнувањето

Капацитети

  • 24 часовно обезбедување
  • WIFI
  • Базен
  • Кафе бар
  • Надворешна тераса
  • Ресторант
  • Сауна
  • Фитнес

Интернет

Бесплатен интернет

Паркинг

Бесплатен паркинг

Жал ни е, сеуште нема рејтинг за ова accommodation.

Виница

Виница

Виница — град во источниот дел на Македонија и центар на Општина Виница. Градот имал 10.863 жители според пописот од 2002 година.

Според најновите истражувања името на градот Виница уште не е во целост разјаснето. Во јавноста погрешно беа толкувани записите од теракотните икони, во који името Виница се поврзуваше со името Винеа.

Радмило Петрович во трудот Армониа Латина дал своји толкувања со проблемот на локализирање на градовите Астибо, Келендин, Армониа, Запара и Транупара. Посебно внимание обраќа на местоположбата на градот Армониа за кој смета дека е градот Виница, над кој како фортификација се издига Виничко Кале. Според него името на градот е од тракиско потекло, кое Турците кога дошле во овие простори го измениле, бидејќи не го знаеле вистинското значење на името на градот, тие го поврзале со најсличниот турски збор – Арамија (некој шо прави лоши дела). Подоцна непосредно бил преведен на локалниот јазик со исто значење Виница – Вина.[1]

Виница во почетокот на XX век

Маријан Јованов во своето излагање Културно Наследство дава толкување за името на градот. Според различните толкувања за правецот на патот Стоби – Пауталија, тргнувајки од оргиналната варианта на картата Табула Путенгериана, која била корегирана во 1916 и во неа биле недоследно заменети местоположбите на Астибо и Транупара и според најновите археолошки откритиа во Делчево, тој смета, дека под бројните ранохристијански остатоци требе да се бара Транупара, а на Виничкото кале античкиот град Астибо.

Неговото објаснување го аргументира; ако Транупара ја лоциравме во Крупиште, следните 20 милји по Табулата не доведуваат на местоположба на денешна Виница. Овде на локалитетот Кале се наоѓаат маркантни наоди од укрепена населба од раноантичко време, која зафаќа површина од 3,5 хектари (денес веке 11 хектари). Камените дробилки за руда зборуваат ѕа рудничко – металушка дејност, како причина за подигање на раноантичка населба на овој локалитет, а сребрените тетрадрахми на Филип 2 укажуваат на неговото датирање. Во 4 век оваа населба добила бедеми градени со малтер, а во 6 век и раниот среден век добила уште повеќе на значење, прераснувајќи во еден културен центар за што сведочат бројните базилики. Следејки ги растојаниата на Табулата и археолошките остаотоци на теренот, на овај локалитет би требало да се лоцира станицата Астибо .[2]

Според локалната легенда името настанало во период од неколку сушни години кога наместо со вода, куќите биле градени со вино.


Прочитај повеќе