Достапност

Капацитети на соба

  • Апартман со два кревети
    Вклучено: Туш, Бања, Клима уред, ТВ, Крпи, WiFi
  • Приватна соба со еден кревет
    Вклучено: Туш, Бања, Клима уред, ТВ, Крпи, WiFi
  • Соба со три кревети
    Вклучено: Туш, Бања, Клима уред, ТВ, Крпи, WiFi
  • Соба со брачен кревет
    Вклучено: Туш, Бања, Клима уред, ТВ, Крпи, WiFi

Генерално

Хотел Филипов од Кочани е нов и модерен хотел кој започнал со работа во 2008 година. Располага со 12 модерни соби, опремени со интернет, кабловкса телевизија, џакузи и други услови кои им овозможуваат на гостите незаборавни моменти. Цените на собите се со ВКЛУЧЕН ДОРУЧЕК.

Откажување на плаќање

2 дена пред откажување

Прифатени кредитни картички

Маестро
Мастер
Виса

Капацитети

  • 24 часовно обезбедување
  • WIFI
  • Кафе бар

Интернет

Бесплатен интернет

Паркинг

Бесплатен паркинг

Жал ни е, сеуште нема рејтинг за ова accommodation.

Кочани

Кочани

Кочаниград во источниот дел на Република Македонија со 28 330 жители, седиште на истоимената општина. Градот лежи во Кочанското Поле и е познат по кочанскиот ориз и геотермалната вода.

Култура и историја опис

Антика Како и за други населби во Македонија и за Кочани со сигурност не може да се тврди кога е основано. Според преданијата, раширени меѓу населението, Кочани настанало од населбата што се наоѓала северно од денешната местоположба, во долината на Кочанска Река. Траги од таа населба (остатоци од висок бедем, римска и византиска керамика, питоси и сл.) се пронајдени на локалитетот Долно Градиште во реонот на селото Долно Гратче. Во извесен период жителите на населбата се повлекле кон рамнината и го населиле просторот на денешното Кочани. Во градот и неговата околина се откриени повеќе локалитети од железното време, меѓу кои извесни истражувања се вршени на локалитетите Текешински лозја, Барутница иАлењак. Исто така, направени се сондажните истражувања на локалитетот Локубија каде е откриена некропола од Римскиотпериод, односно II-III век, во која се пронајдени предмети од керамика и друг движен материјал, како и остатоци од бедем што упатува на постоење на тврдина или заштитен бедем на некој град или пак населено место. Археолошкиот материјал, откриен на левиот брег на Кочанска Река во реонот на денешниот град, укажува дека овој простор бил населен уште во најстари времиња. Тоа води кон заклучок дека ова населено место израснало од некогашната трачка станица Транупара, која според Табула Појтингеријана (Tabula Peutingeriana - карта на воените патишта на ЗападнотоРимско царство од IV век) се наоѓала на околу 30 милји од градот Астибо. Среден век
Мамуза (острога) од Оризари, Кочани, ран XIII век
За првпат во пишан документ Кочани (Кочъни) се споменува во 1337 година во една грамота, во која деспотот Јован Оливер му ја доделува црквата “Св. Димитрија” на градот. Ако се искористат податоците што ги нуди грамотата на Јован Оливер, може да се констатира дека Кочани, како населба под тоа име, постоело многу порано од 1337 год. бидејќи тој не ја подигнал црквата. Таа постоела и имала поголем неподвижен имот во кој спаѓало и селото Јастребница (денешно Јастребник). По Јован Оливер овде завладеал феудалецот Константин Дејанов, а потоа градот потпаднал под ропство на османлиските Турци.
Кула во Кочани, градена во втората половина на XVII век, а имала станбено-одбранбена функција
Според пишувањата на турскиот патописец Евлија Челебија, при пописот од 1519 год. Кочани било село со едно муслиманско и 54христијански семејства и 12 неженети христијани (Tapu defteri 169, 170). Состојбата битно не се изменила ни во наредните децении. Во пописот од 1573 год. е забележано дека се уште преовладува христијанското население (50 семејства и 50 неженети), бидејќи и во таа година само едно семејство било муслиманско (Tapu defteri 85, 446-447). Како населено место, Кочани плаќало пазарна такса која во истата година изнесувала 2.201 акче (турска платежна единица од тоа време) (Tapu defteri 437). Интересно е дека едно од двете кочански маала во тој период го носело името Самоков, веројатно по самоковот кој тука работел и на феудалецот му носел годишна рента од 60 акчиња. Според Челебија, во 1660 год. Кочани брои 600 куќи, со околу 3.000 жители, исто колку и Куманово, на пример. Од овој период потекнуваат и двете, постојни, средновековни кули во градот, од кои едната е обновена и во неа се наоѓа мала музејска збирка. Кон крајот на XVIII и почетокот на XIX век, Кочани броело само 300 куќи и околу 1.200 жители бидејќи целиот регион бил зафатен од колера. Кон крајот на XIX век градот се зголемува за околу 150 куќи, со доселувањето на маџири и крушевски Власи. Според податоците на В. К'нчов во овој период Кочани броело околу 6.000 жители. XX век
Кочани 1903 год.
Кочани во 1942 год.
Во областа на политиката активно учествувале и жителите на тогашната општина Кочани, која се наоѓала во состав на Кралството СХС (Србија, Хрватска и Словенија). Така, на изборите за тогашната Уставотворна скупштина што се одржале на 28 ноември 1920 г. е регистрирано дека во Кочани имало вкупно 930 избирачи, а во целата Кочанска околија нивниот број изнесувал 5.678. На изборите во 1927 год. бројот на избирачите се зголемил на 1.173, а во 1935 год. на 1.387. Во однос на занаетчиството, забележано е дека во 1918 год. во Кочани имало вкупно 140 занаетчии, во 1934 год. нивниот број изнесувал 215, а до почетокот на Втората светска војна имало 369 занаетчиски дуќани.[7] Статистичките податоци од 1965 год. говорат за зголемување на бројот на жителите на околу 13.000, а денеска Кочани е општински и регионален центар со околу 30.000 жители.

Прочитај повеќе